Легендарниот бразилски фудбалер Дани Алвеш сѐ потешко го поднесува времето што го минува во затвор, пренесуваат медиумите од неговата татковина.
Алвеш е во притвор неколку месеци, а неодамна започна судскиот процес за сексуалниот напад и силувањето за кои беше обвинет.
„Тој е депресивен, многу депресивен. Добива соодветна помош од вработените во затворот“, вели еден од затворениците.
Наводно, во затворот прибегнале кон екстремни мерки токму поради емоционалната и психичката состојба на поранешниот фудбалер на Барселона и ги започнале протоколите што ги имаат во случај на сомневање дека некој од затворениците размислува за самоубиство.
Сите се плашат за неговата состојба, се плашат дека Дани Алвеш ќе направи нешто лошо и можно да си го одземе животот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal