
Дани Алвеш, до неодамна активен 40-годишен бразилски фудбалер, останува на слобода откако судот во Барселона ја одби жалбата за негово привремено ослободување од затвор со платена кауција, пренесува француската агенција АФП.
Во февруари оваа година, судот во Барселона го осуди трофејниот фудбалер на четири и пол години затвор за силување жена во ноќен клуб, ноќта меѓу 30 и 31 декември 2023 година.
Алвеш беше ослободен на 25 март откако беше платена кауција од милион евра.
Оваа одлука беше обжалена од обвинителството и правниот тим на граѓанската партија предводена од Естер Гарсија, но нивната жалба беше одбиена и Бразилецот останува на слобода.
Откако беше платена кауцијата, судот го ослободи Алвеш, но му ги одзеде двата пасоши,
бразилскиот и шпанскиот. Поранешната фудбалска ѕвезда на Барселона не смее да ја напушти Шпанија и мора да се појавува на суд секој петок.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Хојлунд нема намера да го напушти „Олд Трафорд“
