Connect with us

Дани Алвеш обвинет за сексуално вознемирување

Бразилскиот репрезентативец Дани Алвеш е обвинет од жена за сексуално вознемирување на предновогодишна прослава, откриваат медиумите во Шпанија. Инцидентот се случил на 30 декември рано наутро во ноќен клуб во Барселона. Алвеш, кој настапува за мексиканскиот Пумас и играше за „селесао“ на Светското првенство во Катар, пристигна во каталонската престолнина за да ја прослави новогодишната ноќ.


Шпанските медиуми јавуваат дека една жена тврди дека била малтретирана од 39-годишниот дефанзивец во ноќен клуб во Барселона на 30 декември. Отишла во полиција и пријавила дека Алвеш и ја ставил раката под долната облека.

Исплашената госпоѓа потоа ги алармирала своите пријатели, кои ја пренеле информацијата на обезбедувањето на ноќниот клуб. Друштвото веднаш било преместено на безбедно место, а известена е и каталонската полиција. Жената веќе е подложена на лекарски преглед во болница во Барселона.

Пред полицијата наводната жртва раскажала што се случило, но Дани Алвеш веќе ја напуштил дискотеката. Блиските на фудбалерот негираа дека имало било какво сексуално вознемирување за изданието „ABC“, и покрај тоа што Алвеш всушност бил во споменатиот објект.

„Тој беше таму кратко време и ништо не се случи“, објаснуваат неговите пријатели.

Дани Алвеш е фудбалерот со најмногу трофеи (46) во историјата. Тој ги облече екипите на Севиља, Јувентус, Барселона, Пари Сен Жермен и Сао Паоло.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови