Connect with us

Данев пред дуелот со Тиквеш: Вардар секогаш оди на победа

Само неколку дена откако на фантастичен начин дебитираше во дресот на Вардар, во првото коло од Прва МФЛ, Димитар Данев ќе има нова задача заедно со своите соиграчи, да освои нови бодови, овојпат на гостински терен, во рамките на второто коло против Тиквеш во Кавадарци.

Дуелот е закажан во 17 часот, а на „жешкиот“ терен во Кавадарци, Вардар има императив за победа. Таа, како што вели Данев, нема да дојде сама по себе, мора да се заработи на терен.

По одличниот старт против Пелистер, кога постигна два гола, македонскиот младински репрезентативец посакува нова добра партија.

„Секако дека не очекува тежок дуел. Сепак, Вардар е клуб кој секогаш и секаде оди на победа. Атмосферата во тимот е одлична по стартниот триумф против Пелистер и во Кавадарци одиме да ја потврдиме моменталната форма. Респект за домаќинот, Тиквеш е квалитетен тим, но ние сакаме да имаме три бода. Ќе дадеме сè од себе за да исполниме сè што ќе бара од нас тренерот Гоце Седлоски и подготвени сме да ги израдуваме нашите навивачи“, изјави Данев за сајтот на ФФМ.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови