Хрватска испушти победа против Албанците во судиското продолжение и одигра 2-2, па сега значително си ги отежна шансите за пласман во втората фаза.
Селекторот Златко Далиќ вели дека првото полувреме беше повторно многу лошо од неговиот тим, а во второто иако успеаја да направат пресврт со голема мака, на крајот дозволија да испуштат победа.
„Две целосно различни полувремиња. Првото повторно лошо, примивме гол и тогаш не можеме ништо да направиме. Противникот мотивиран, опасен во контранапади, а ние многу грешевме и вториот гол висеше во воздухот. Во второто полувреме бевме многу подобри, променивме некои работи и се искинавме, се искршивме, се измачувавме за да дојдеме до тие 2-1. Тие 45 минути противникот не го помина центарот и потоа му дозволивме да излезе во судиското продолжение. Најважно е дека сè уште сме живи и дека последниот натпревар за сè ќе одлучува. Научени сме секогаш да играме на најтешкиот можен начин“, изјави Златко Далиќ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













