Фудбалската репрезентација на Хрватска ја избра Македонија како селекција што ќе ја тестира нивната форма пред настапот на Европското првенство. Селекторот на „коцкестите“, Златко Далиќ, смета дека тоа ќе биде идеален тест за неговиот тим.
Македонија и Хрватска договорија пријателска средба која ќе се игра на 3 јуни во Ријека.
„Македонија е одличен противник за таа прва фаза од подготовките за Европското првенство. Тоа е селекција која оваа година одигра нерешено со Италија и со Англија, што покажува дека ни престои вистински тест од кој ќе дознаеме до каде сме и уште што треба да работиме пред настапот во Германија. Со оглед на подготовките во Ријека, сакавме да играме на Рујевица за да избегнеме дополнително патување“, изјави селекторот на Хрватска, Златко Далиќ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













