Вистинска рапсодија беше последната проверка за Македонија пред Европското првенство. Избраниците на селекторот Игор Ангеловски го совладаа Казахстан со 4-0. Алиоски од пенал, Тричковски, и младите Милан Ристовски и Чурлинов беа стрелци на головите.
Беше тоа одличен тест, билдање на самодовербата пред Европското првенство, но можеби и последен меч за Игор Ангеловски како селектор на Македонија на арената „Тодор Проески“. Неговиот договор има важност до завршување на Европското првенство, односно истекува на 31 јули.
Тој вели дека е фокусиран само на работата и на настапот на Македонија на Европското првенство.
„Јас сум фокусиран на Европското првенство и друго ништо не ме интересира. Од мојот прв работен ден до мојот последен, ќе го одработам максимално чесно и професионално. Јас сум Македонец и покрај професионалноста овде работат и емоции и среќен сум што сум на чело на македонската фудбалска репрезентација која за првпат ќе игра на Европско првенство. Благодарам на навивачите за поддршката“, вели за Макфудбал.мк, селекторот Игор Ангеловски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













