
Серхио Рамос го напушти Реал Мадрид на почетокот на овој месец и реши кариерата да ја продолжи во дресот на ПСЖ. Сите очекуваа Серхио Рамос да дебитира за ПСЖ вечерва, а потоа нов шок. Поради повреда тој сепак нема да се појави ниту на мечот против Севилја.
Рамос потпиша двегодишен договор со парижаните и се очекува да биде големо засилување во одбраната на францускиот клуб. 35-годишниот играч веќе се приклучи на подготовките на ПСЖ и се очекуваше да дебитира за својот нов клуб, но како што стојат работите тоа сè уште нема да се случи.
Рамос веќе пропушти три претсезонски натпревари затоа што Покетино одлучи дека нема да ризикува ништо поради неговите проблеми со коленото. Но, тие беа сигурни дека тој ќе игра вечерва против Севилја. Сепак, нема ништо и од тоа.
ПСЖ денеска потврди дека Рамос нема да биде во конкуренција за натпреварот против неговиот поранешен клуб вечерва, бидејќи има проблеми со повреда.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Барселона подготви нов договор за Френки де Јонг
