Даиши Камада не успеа да се договори со Лацио и ќе го напушти „Олимпико“ како слободен играч.
Инаку, Јапонецот и минатото лето пристигна во Рим како слободен играч, откако му истече договорот со Ајнтрахт Франкфурт.
Тој имаше договор со Лацио на само една година, бидејќи римјаните одбија да стават ниска откупна клаузула во неговиот договор, верувајќи дека ќе го убедат да остане ова лето.
Сепак, преговорите пропаднаа, Камада не беше задоволен во Рим, а сѐ се промени кога беше поканет од поранешниот тренер Оливер Гласнер, со кој соработуваше во Франкфурт.
Токму поради него оди во Кристал Палас, кој беше вистински хит во вториот дел од сезоната во Премиер – лигата, кога тимот го презеде Гласнер. Нема сомнеж дека 27-годишниот Јапонец само ќе го подобри квалитетот на Кристал Палас.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













