
Томас Тухел го преживеа реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите, бидејќи Баерн Минхен го совлада Лацио на домашен терен со 3-0. Но, истото не може да се каже и за неговиот палец на десната нога.
Имено, по натпреварот, куцајќи покрај новинарите, тој откри дека „шутирал“ во соблекувалната.
„Пред натпреварот одржав мотивациски говор за тимот во соблекувалната, а за време на истиот шутнав еден стол. Страшно ме болеше и набрзо сфатив зошто. Го скршив палецот на ногата. Не можев да најдам храброст да ги соблечам патиките“, изјави Томас Тухел.
Thomas Tuchel limping on the way out of the stadium [🎥 @StefanKumberger]
— Bayern & Germany (@iMiaSanMia) March 5, 2024
pic.twitter.com/Vpf9dawcVI
Тоа го забележаа сите што го следеа натпреварот и на стадионот и на телевизија. Тухел е познат како темпераментен тренер, кој емотивно ги доживува настаните на теренот. Затоа во текот на натпреварот постојано е на нозе. Овој пат отсуствуваше неговото вообичаено однесување за време на натпреварот и тоа беше сомнително. Со куцање и со болни гримаси, по мечот откри зошто мораше да го мине на таков начин.
Херберт Хајнер, претседателот на Надзорниот одбор на Баерн, коментираше за бизарната повреда на Тухел.
„Секогаш сум за тоа тренерот да го скрши палецот, а не некој наш играч. Тој сепак не е потребен на теренот“, изјави Хајнер.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар

Евро-фудбал
Лео Меси ќе потпише нов договор со Интер Мајами

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш
