
Фудбалската репрезентацијата на Македонија вечерва (18 часот) на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје го игра последниот пријателски натпревар пред заминувањето на Европското првенство. Противник е селекцијата на Казахстан.
Селекторот Игор Ангеловски вели дека репрезентацијата на Казахстан располага со многу млади фудбалери и нема да биде лесен ривал, иако за очекување е убедлива победа на Македонија за фаќање залет за ЕВРО.
„Се работи за репрезентација која во составот има многу млади фудбалери. Казахстан одигра добар натпревар против Украина и успеа да ремизира 1:1. Денешниот меч ќе биде добра тест подготовка пред заминувањето за Букурешт”, вели селекторот Игор Ангеловски.
Елиф Елмас, фудбалерот на Наполи не го крие задоволството што публиката се врати на стадионот. Тој беше стрелец на погодокот во ремито (1-1) против Словенија.
„Прекрасно е чувството кога се игра пред публика, се надевам дека ќе дојдат фановите и на овој меч, да не испратат на Европското првенство. Македонија секогаш игра на победа, така беше и против Словенија, така ќе биде и денешниот меч. Казахстан не е репрезентација што треба да се потцени, ќе дадеме се од себе, што подобро да се подготвиме за настапот на Европското првенство”, вели Елиф Елмас.
Селекторот Амгеловски најави делумни промени во селекцијата за оваа втора контрола. Се очекува да даобијат шанса и дел од фудбалерите кои не играа против Словенците.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Втора лига
Полициската истрага се шири и во Башкими?
