Младиот Дарко Чурлинов е среќен што е дел од репрезентацијата на Македонија на Европското првенство и искажува оптимизам во пресрет на наредниот меч со Украина. Вели дека селекцијата едноставно треба да ја игра својата препознатлива игра.

„Горд сум што воопшто добив шанса да бидам дел од репрезентацијата на Македонија на ЕП. Ова е историја и среќен сум што сум дел од неа. Секој натпревар на Европско првенство е тежок и приказна за себе. Треба да бидеме едноставно Македонија, да ја играме нашата игра, да веруваме во себе. Мислам дека тоа е патот за еден позитивен резултат против Украина. Тие се силна селекција, видовме дека играа добро против Холандија. Што се однесува до мене, подготвен сум во секој момент да му помогнам на тимот, доколку добијам шанса“, изјави Дарко Чурлинов.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













