Connect with us

Чурлинов стрелаше за Јагиелонија (ВИДЕО)

Дарко Чурлинов ја подигнува својата форма во вистински момент пред почетокот на квалификациите за македонската репрезентација. Офанзивецот повторно се истакна во дресот на Јагиелонија, забележувајќи одличен настап.

Полскиот шампион со 3-0 го победи Мотор на домашен терен, а Чурлинов го постигна вториот гол. Тој вешто ја прими топката на работ на шеснаесетникот, се ослободи од чуварот и со прецизен удар ја испрати во долниот агол на противничката мрежа.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови