Connect with us

Чурлинов потпишува за Барнли

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов е пред трансфер во англискиот тим Барнли, кој сака експресно да се врати од Чемпионшип во Премиер – лигата. Раководството на клубот ја зголеми понудата за Штутгарт, која сега изнесува 5 милиони евра, а бундеслигашот е подготвен да ја прифати.

Чурлинов исто така ги договори личните услови, а имал телефонски разговор и со менаџерот Винсен Компани, кој му објаснил дека ќе биде сериозен актер во неговиот тим доколку го прифати трансферот.

До крајот на оваа седмица Дарко Чурлинов треба да ја реализира преселбата на Островот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови