Македонија доживеа убедлив пораз од Грузија (0-3) во Скопје и речиси ги загуби шансите за првото место во групата. Дарко Чурлинов вели дека Грузијците успеале да ги искористат грешките на Македонија, а нашите фудбалери мора да ги кренат главите и да го победат Гибралтар в недела.
„Имавме две – три грешки кои Грузија ги искористи во второто полувреме. Сега треба да ги средиме главите и да излеземе на терен да победиме против Гибралтар. Ни останува уште тој натпревар овој месец и сакаме да победиме. Против Грузијците ни недостигаше завршницата пред нивниот гол, на вакви натпревари мора да сме подобро фокусирани“, изјави Чурлинов.
Македонија на 12 јуни е домаќин на Гибралтар на Националната арена „Тодор Проески“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













