Connect with us

Чуквуезе се врати повреден во Милан

Крилниот напаѓач на Милан, Самуел Чуквуезе, има повреда на тетивата на левата нога, соопштија од клубот. Нигериецот ја заработи повредата за време на тренинг кампот на својата репрезентација, поради која го пропушти натпреварот на национачниот тим против Мозамбик.


Според „Скај Спорт Италија“, периодот на опоравување на играчот ќе биде околу еден месец.
Се очекува тој навреме да му биде на располагање на тренерот Стефано Пиоли за натпреварот против Фиорентина на 25 ноември по репрезентативната пауза следниот месец. Така тој ќе биде во аут за пресметките на „росонерите“ со Јувентус, Пари Сен Жермен и со Наполи, како и за средбите со Удинезе и со Лече.


Чуквуезе на деветте досегашни натпревари за Милан нема ниту гол ниту асистенција, но на повеќето од нив влезе на теренот како замена.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови