Connect with us

„Чудесната маст“ која треба да го одведе Реал Мадрид во ново финале на ЛШ

Манчестер Сити и Реал Мадрид вечерва ќе го одиграат реванш натпреварот од полуфиналето на Лигата на шампионите. По средбата во Мадрид, која заврши 1-1, одлуката паѓа на „Итихад“, по што ќе се знае кој ќе игра против Интер за титулата во најсилното клупско фудбалско натпреварување во Европа.


Во најавата за овој дуел, „Марка“ откри една од тајните на „кралскиот тим“. Тоа е една „чудесна маст“ која им дава дополнителна сила на Лука Модриќ, Карим Бензема и останатите фудбалери на Реал.

„Тоа не е ништо ново во светот на фудбалот“, пишува „Марка“ и потсетува дека истото пред околу 20 години почна да го модернизира тогашниот играч на Арсенал, Патрик Виера.

Станува збор за триење на „чудесната маст“, на градите и на дресовите на играчите, „која нема друга цел освен да им ги отпушти ноздрите и да им ги олесни напорите“ во играта.

Благодарение на еукалиптусот во оваа маст, се подобрува снабдувањето со кислород до белите дробови и мускулите, „што може да биде мал плус во натпреварите со максимален напор“.

Во времето кога Виера го користеше, „се мислеше дека е нешто нелегално“, но потоа беше детално испитано дека нема врска со допинг.

„Непосредно пред почетокот, по официјалната фотосесија, црните дресови на Мадрид ќе бидат натопени со ментол… за да се пласираат во финалето на Лигата на шампионите“, најавува шпанскиот медиум.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови