Лионел Меси ќе остане единствениот Аргентинец на „Паркот на принцовите“ идната сезона, тврди „Л’Екип“. На крајот од шампионатот тимот на ПСЖ ќе го напуштат Анхел Ди Марија, Муаро Икарди и Леандро Паредес.
Ди Марија веќе одлучи да го напушти ПСЖ, а сега доби јасна порака дека на него нема да се смета во францускиот клуб. Паредес и Икарди исто така ќе го напуштат клубот и ќе бараат нова средина.
Заминувањето на Ди Марија секако ќе биде хендикеп, бидејќи тој е еден од најдобрите играчи во тимот, додека Паредес и Икарди секако се заменливи.
Ди Марија во ПСЖ пристигна пред седум години, а на крајот од сезоната ќе си замине како слободен играч по истекот на договорот. Икарди и Паредес беа платени 100 милиони евра заедно и бидејќи не ги оправдаа вложените пари, може да се каже дека се неуспешни трансфери.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













