
Фудбалскиот клуб Челси, објави дека фискалната година ја завршил со минус од 145,6 милиони фунти.
Минусот е забележан и покрај тоа што приходите пораснале од 387.800.000 на 416.800.000 фунти. Приходите пораснале поради поголемиот профит од телевизиските права.
Челси е во минус и покрај тоа што клубот имаше успешна година, во која втор пат во историјата стана европски шампион.
Во соопштението се наведува дека годината е завршена со негативно салдо, поради пандемијата на коронавирусот, кога натпреварите се играа пред празни трибини. Исто така, во наведениот период, Роман Абрамович, вложил во нови играчи, а тие пари не успеал да ги врати со продажбата на фудбалерите кои веќе не се во клубот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
