Челси го победи Престон со 4-0 на „Стемфорд бриџ“ и сигурно обезбеди пласман во четвртото коло од ФА купот на Англија. „Сините“ преспаа едно полувреме, па потоа се вклучија во голгетерски ритам.
Броја го отвори резултатот во 56.минута, Тијаго Силва зголеми на 2-0 во 66.минута, а само три минути подоцна погоди и Рахим Стерлинг. Четвртиот гол беше дело на Енцо Фернандез во 85.минута од мечот.
Астон Вила славеше минимално против Мидлсборо на гости со 0-1. Стрелец на единствениот гол беше Мати Кеш во 87.минута од дуелот.
Шефилд Венсдеј го победи Кардиф со 4-0, а Свонси славеше против Морекомб со 2-0. Брајтон на гости беше поуспешен од Стоук со 2-4.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













