Connect with us

Челси се огласи по санкциите: Ќе бараме специјална лиценца за клубот да функционира понормално

По санкциите кои владата на Велика Британија ги воведе кон Роман Абрамович, сопственикот на Челси, се огласи и лондонскиот клуб.


Бордот на директори имаше итен состанок во текот на денот, а со состанокот претседаваа Брус Бак и Марина Грановскаја. По завршувањето беше објавено соопштение од канцелариите во Лондон во врска со последните случувања.

„Челси има намера да продолжи со разговорите со владата на Велика Британија во врска со издадената лиценца. Ова ќе вклучува барање дозвола за промена на лиценцата со цел клубот да функционира што е можно понормално“, се вели во соопштението и се додава:

„Врз основа на 100% сопственост на Челси и неговите поврзани ентитети, Челси вообичаено би бил предмет на истите санкции како и г-дин Абрамович. Сепак, владата издаде општа дозвола која му овозможува на Челзи да продолжи со одредени активности. Ќе ги играме нашите машки и женски фудбалски натпревари со Норич и Вест Хем, а потоа ќе се вклучиме во разговори со владата за лиценцата. Исто така, ќе бараме препораки од Владата на Обединетото Кралство за влијанието што постоечките мерки ќе го имаат врз Фондацијата Челси и нејзината важна работа во нашата заедница. Клубот ќе се рекламира во иднина кога ќе има потреба за тоа“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови