
Челси постигна договор за личните услови со 24-годишниот крилен напаѓач Џејдон Санчо, кој е на позајмица од Манчестер Јунајтед, според кои тој е подготвен постојано да прејде во лондонскиот клуб следното лето.
Според медиумите на Островот, првично „сините“ биле подготвени да му понудат на англискиот фудбалер долгорочен договор, под услов на крајот од оваа сезона во англиската Премиер – лига, Челси да се пласира повисоко од 15-то место, што, според клубот, во моментот е неизбежно.
Во Челси се задоволни и од нивото на игра на Санчо, кој оваа сезона има постигнато два гола и запишано пет асистенции на 12 натпревари во сите натпреварувања.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Срамот е за Воска, која го напушти теренот и не го доигра мечот против...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Ливерпул ја освои 20. титула (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Барселона на лето го купува Хулијан Алварез

Евро-фудбал
Тотенхем го сака Нико Ковач за нов тренер
