Connect with us

Челси сака да го доведе Сергеј Милинковиќ – Савиќ

Челси сака да го доведе Сергеј Милинковиќ-Савиќ, и тоа како слободен агент следното лето. Оваа бомбастична вест ја објави италијанскиот „Кориере дело спорт“.

Според овој извор, Челси сака да ја засили конкуренцијата во средниот ред, а Сергеј, кој ќе стане слободен летово, е сериозна цел на мемаџерот Енцо Мареска.

Челси беше меѓу бројните клубови со кои се поврзуваше Сергеј Милинковиќ-Савиќ пред неколку години, но Србинот секогаш остануваше во Рим и на крајот го избра Ал – Хилал.

Сега ситуацијата е поинаква, Сергеј станува слободен и без отштета, а сѐ уште има 30 години и може да даде многу и во елитниот европски клупски фудбал.

Сергеј Милинковиќ – Савиќ во последните недели се поврзуваше со Јувентус, но немаше конкретни потези. Тој во Ал – Хилал пристигна летото 2023 година за 40 милиони евра, а за клубот од Саудиска Арабија одигра 102 натпревари со ефект од 30 голови и 26 асистенции.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови