Челси размислува за трансфер на дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Рафаел Варан. Договорот на 31-годишниот дефанзивец истекува за неколку дена и „црвените ѓаволи“ веќе објавија дека тој нема да биде обновен. Така, клубот од „Стемфорд Бриџ“ може да ја искористи оваа шанса и да го земе како слободен играч.
Челси бара искусен дефанзивец кој ќе го замени Тијаго Силва. Токму поради оваа причина, лондончани се решија за францускиот репрезентативец, кој ќе им дојде и бесплатно. Сепак, „сините“ може да се соочат со конкуренција за потписот на овој играч, кого го бараат и Јувентус и Ал-Наср.
Челси имаше многу проблеми во одбраната оваа сезона и засилувањето во оваа линија е апсолутно задолжително во текот на летото. Варан не успеа да блесне во тимот на Манчестер Јунајтед, но причина за тоа беа и повредите кои го прогонуваа. И покрај киксот што го покажа со „црвените ѓаволи“, тој останува еден од квалитетните дефанзивци во Европа, кој има големо искуство во Реал Мадрид и во француската репрезентација.
Евентуалното потпишување на Варан може да се покаже како добра зделка за Челси, кој ќе добие искусен дефанзивец без да плати трансферна сума и на тој начин ќе може да заштеди пари што ќе ги искористи за други засилувања. „Сините“ нема да можат да трошат толку слободно ова лето бидејќи ќе бидат ограничени со правилата за финансискиот фер-плеј.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













