
Челси започна преговори за напаѓачот на Арсенал, Фоларин Балогун. На „Стемфорд Бриџ“ се чини дека ќе продолжат со летните засилувања и гледаат кон 22-годишниот фудбалер, кој треба да ја пополни дупката што ја остави Кристофер Нкунку, кој се здоби со тешка повреда.
Челси не е единствениот клуб заинтересиран за Балогун. Го бараат и Интер, Монако и Фулам. Сепак, високата цена од 50 милиони евра што ја постави Арсенал досега ги одврати заинтересираните за неговиот потпис.
На „Стемфорд Бриџ“ сепак се чини дека немаат проблем да продолжат со сериозно трошење и нема да се двоумат да ја платат сумата што ја бараат „топчиите“, без разлика што веќе потрошија над 350 милиони евра за нови играчи.
Балогун е тинејџер на Арсенал, но досега не успеа да се наметне во првиот тим и неколку пати беше испраќан на позајмица. Минатата сезона го привлече вниманието кон себе со своите одлични настапи за Реимс, каде на 39 натпревари за францускиот клуб постигна 22 гола и забележа три асистенции.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Тотенхем ќе го откупи Матис Тел од Баерн Минхен

Евро-фудбал
Галатасарај сака да го купи Тер Штеген

Евро-фудбал
Гонзало Гарсија нов тренер на Хајдук Сплит

Евро-фудбал
Уапсен најголемиот нарко-дилер меѓу фудбалерите

Прва лига
Работнички го доведе Дашмир Елези
