Connect with us

Челси остана без уште еден голем спонзор

Јужнокорејската компанија „Хјундаи“ го прекина партнерството со англискиот премиерлигаш Челси. По телекомуникациската компанија „Три“, Челси остана без уште еден важен спонзор поради санкциите што му беа наметнати на нивниот сопственик Роман Абрамович, а со тоа и на клубот од владата на Велика Британија.


„Откако станавме партнери на клубот, ние сме горди навивачи на нашите фудбалери, навивачите и на фудбалот воопшто. Сепак, со оглед на моменталните околности, решивме да го прекинеме нашето партнерство со Челси до понатамошно известување“, се вели во соопштението на „Хјундаи“.

Компаниите како „Триваго“ и „Најк“ засега ќе останат спонзори на Челси, но сакаат продажбата на клубот да се случи што е можно побрзо.

Само со заминувањето на спонзорот „Три“, Челси би можел да остане без 40 милиони фунти кои би ги добиле за последната година од договорот. „Хјундаи“ во клубот вложуваше 10 милиони фунти годишно.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови