Челси ќе се соочи со сериозен удар во наредниот период, бидејќи првиот напаѓач на тимот, Николас Џексон, се здоби со незгодна повреда на натпреварот против Вест Хем.
Медицинските прегледи донесоа лоши вести за тренерот Енцо Мареска – повредата е посериозна од очекуваното, а првичните прогнози сугерираат дека Џексон ќе биде надвор од терените најмалку шест седмици, што значи дека најрано ќе се врати во игра во април.
Со оглед на тоа што „сините“ го испратија Жоао Феликс на позајмица во Милан, сега се очекува Мареска да му даде повеќе шанси на Кристофер Нкунку. Французинот сезонава главно влегуваше од клупата, но кога добиваше шанса како стартер, особено во куп-натпреварите, прикажуваше одлични настапи.
Челси утре го започнува новото коло од Премиер лигата со тешко гостување кај Брајтон.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Вардар ремизираа, а Шкендија го победи Пелистер и се доближи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Шкендија заврши со европските обврски и сега целосно е посветена на македонскиот шампионат, а...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Артета: Ова е огромна победа за Арсенал













