Connect with us

Челси му нуди бланко чек на Гави за да го доведе на „Стемфорд бриџ“

Младиот играч за врска на Барселона, Гави (18), добил неверојатна понуда од Челси. Тимот од „Стемфорд Бриџ“ е подготвен да му овозможи на најдобриот млад играч во светот да стане најплатениот играч во Премиер – лигата.


Гави би можел да ја напушти Барселона на крајот од оваа сезона. Иако брилијантниот играч за врска не размислува премногу за тоа, факт е дека каталонскиот гигант многу тешко ќе го задржи.

Играчот го сака клубот и е подготвен да остане. Сепак, неговиот договор истекува, па многу клубови се насочени кон него, а Челси „загриза“ најмногу.

„Челси ќе направи сѐ за да го ангажира Гави ова лето. Тие се подготвени да го направат најплатен играч во Премиер – лигата. Му нудат бланко чек и би можеле да ги поместат границите за да го доведат”, пишува новинарот Ману Санц.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови