Челси ја продолжи својата импресивна традиција на гостувањата кај Нотингем Форест, славејќи убедливо со 0-3 во осмото коло од Премиер – лигата. И покрај бројните проблеми со повреди и отсуството на Енцо Фернандез и Кол Палмер, „сините“ во второто полувреме рутински го скршија отпорот на домаќинот на „Сити Граунд“, каде што не знаат за пораз во 21 век.
Во првиот дел Нотингем Форест одигра дисциплинирано и имаше свои моменти преку Гибс-Вајт, кој сериозно се закани, додека на спротивната страна младинецот Андреј Сантос возврати со опасен удар. По првите 45 минути мрежите мируваа, а веќе на паузата имаше четири измени. Привремениот тренер Вили Кабаљеро направи три промени за Челси, што се покажа како полн погодок.
Во 49. минута Џош Ачемпонг го отвори резултатот по одлична асистенција на Педро Нето, кој само три минути подоцна и самиот се запиша меѓу стрелците за 0-2. До крајот на мечот, капитенот Рис Џејмс стави точка со третиот гол, откако претходно и самиот асистираше.
Иако во финишот Мало Густо беше исклучен поради втор жолт картон, тоа не ја наруши рутинската победа на лондонскиот состав.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Интернационалци
Агон Елези стрелаше во вечното босанско дерби (ВИДЕО)
Евро-фудбал
ПСЖ ја наполни мрежата на Рен
Евро-фудбал
Беренгер го урна Атлетико Мадрид (ВИДЕО)













