
Челси е подготвен да го продаде Ромелу Лукаку. Клубот од „Стемфорд Бриџ“ би се откажат комплетно од услугите на белгискиот напаѓач за 45 милиони евра.
Лукаку ја помина сезоната на позајмица во Рома, негова втора позајмица откако се врати во Челси во 2021 година. Сепак, Белгиецот во Челси никогаш не играл толку добро како во италијанските клубови. Во Интер беше најдобар стрелец во италијанското првенство, а во Рома незаменлив првотимец.
Кога настапуваше за Челси беше жестоко критикуван од новинарите и навивачите, па отворено кажа дека е подобро да игра во Италија, да не навлече уште поголем гнев кај навивачите.
Се споменува дека Лукаку би можел да остане во Италија, поточно да се пресели во Наполи. Тоа би се случило во зделка во која Виктор Осимен би заминал во Челси. „Наполитанците“ за него бараат најмалку 120 милиони евра, а со Лукаку би се намалила оваа сума.
Лукаку постигна 21 гол и асистираше четирипати во 47 натпревари за Рома оваа сезона. Тој е под договор со Челси до летото 2026 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар

Евро-фудбал
Лео Меси ќе потпише нов договор со Интер Мајами

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш
