
Напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен, е еден од најбараните на фудбалскиот пазар и ова лето би можел да го промени клубот, имајќи ги предвид нешто послабите резултати на „наполитанците“ и фактот што испаднаа од Лигата на шампионите и немаат добри шанси таму да се вратат следната сезона и преку Серија А.
Нигериецот би можел многу лесно да ја промени средината по завршувањето на сезоната и да побара нов предизвик.
Заинтересирани се неколку клубови, претходно се споменуваше финансиски моќниот Челси, но сега тоа веќе не е во преден план, пренесуваат англиските медиуми.
Нигериецот е под договор до 2026 година и се чини дека летото 2024 година е последното кога Наполи би можел да го продаде за деветцифрена сума во евра.
ПСЖ и Арсенал во последно време се во постојана комуникација со агентот на овој фудбалер и се верува дека парижаните би можеле да ги исполнат сите негови барања, додека Арсенал не сака да ги преплати играчите.
Осимен посакува плата над 240.000 евра на неделно ниво. Арсенал би можел да тргне по него бидејќи им треба класичен напаѓач од светска класа, а Осимен е секако таков.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика
