Челси пропушти голема шанса да ја врзе третата победа во низа во Премиер – лигата, откако прими погодок во судиското надополнување и одигра 2-2 на тешкото гостување кај Брентфорд.
Домашните први се израдуваа пред полните трибини, кога во 35. минута Шаде избега од одбраната на „сините“ и прецизно реализираше за 1-0.
Гостите од „Стемфорд Бриџ“ долго бараа начин да се заканат, а тоа го сторија дури по еден час игра. Повратникот од повреда, Кол Палмер, веднаш по влегувањето успеа да израмни на 1-1. Во финишот, Моисес Каиседо со одличен удар донесе комплетен пресврт и водство од 1-2 за тимот на Енцо Мареска.
Сепак, Брентфорд не се предаде и во судиското надополнување преку Карваљо дојде до израмнување и вреден бод – конечни 2-2.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













