Европскиот првак Челси планира да го врати играчот од средниот ред Саул Нигез во Атлетико Мадрид до крајот на зимскиот преоден рок. 27-годишниот играч за врска е на позајмица на „Стемфорд Бриџ“ до лето, но не успеа да ја добие довербата од Томас Тухел, кој е подготвен предвреме да се раздели со него.
Челси има опција да ги откупи правата на Шпанецот за 30 милиони евра. Сепак, клубот одлучи дека може поефикасно да ја искористи оваа сума за да привлече друг играч кој подобро ќе се вклопи во средниот ред на тимот.
Ова секако ќе бидат непријатни вести и за Атлетико Мадрид. Тој најверојатно нема да остане ниту на „Ванда Метрополитано“, па Атлетико ќе мора итно да бара нов заинтересиран клуб за Саул.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













