Connect with us

Челси го претстави Енцо Мареска за нов менаџер

Италијанецот Енцо Мареска и официјално стана нов менаџер на Челси, потврдија од клубот од Лондон.

Мареска со „сините“ потпиша петгодишен договор до јуни 2029 година, со можност за продолжување на соработката на уште една година, а неговиот претходен клуб Лестер ќе заработи 10 милиони евра обештетување.

Челси се чини дека најде долгорочно решение по многуте промени на клупата и со освојувачот на Чемпионшип во претходната сезона ќе се обиде да се врати во самиот врв на англискиот фудбал.

Заедно со Мареска на „Стемфорд Бриџ“ доаѓаат шест негови помошници, а на промоцијата 44-годишникот изјави дека „да се биде „менаџер на Челси е сон на секој тренер“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови