
Челси официјално ја потврди информацијата дека нивниот играч Михајло Мудрик е позитивен на допинг – тест. Во изјавата, клубот изрази целосна поддршка за украинскиот крилен напаѓач, кој негира дека свесно користел забранети супстанци.
„Фудбалскиот клуб Челси може да потврди дека Фудбалската асоцијација (ФА) неодамна го контактираше Михајло Мудрик во врска со загрижувачки резултат од еден од неговите тестови. И клубот и Михајло целосно ја поддржуваат програмата за тестирање на ФА, а сите наши играчи, вклучително и Михајло, редовно се тестираат. Тој категорично потврди дека никогаш свесно не користел забранети супстанци. И Михајло и клубот соработуваат со релевантните органи за да се утврди причината за оваа неповолна ситуација“, соопштија од Челси.
Мудрик, кој беше доведен во Челси во јануари 2023 година за сума од над 70 милиони евра, наводно бил позитивен на допинг – тест кон крајот на октомври. Во следните денови се очекува да се отвори и „Б-пробата“ за дополнителна анализа.
Club statement: Mykhailo Mudryk.
— Chelsea FC (@ChelseaFC) December 17, 2024
Украинските медиуми тврдат дека 23-годишниот играч последен пат настапил за Челси на 10 ноември, по што бил отсутен или како неискористена резерва или поради наводна болест.
И покрај големите очекувања по неговото пристигнување од Шахтјор Доњецк, Мудрик досега не успеа да ги оправда инвестициите на клубот. Оваа ситуација дополнително го става под притисок, како од страна на јавноста, така и од клубот, кој во моментов се соочува со бројни проблеми на спортски и организациски план.
Доколку „Б-тестот“ го потврди резултатот, Мудрик може да се соочи со сериозни последици, вклучувајќи суспензија, зависно од исходот на истрагата и околностите што ќе ги утврди ФА.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Езгјан Алиоски потпиша за Лугано

Интернационалци
Адеми со креативно видео претставен во Ујпешт

Интернационалци
Аријан Адеми потпиша за Ујпешт

Интернационалци
Мајорка е заинтересирана за Столе Димитриевски

Евро-фудбал
Наполи ќе се засили со Вања Милинковиќ-Савиќ

Евро-фудбал
Килијан Мбапе пренесен во болница!
