Connect with us

Челси го објави најскапиот трансфер во британскиот фудбал: Каиседо потпиша до 2031 година (ВИДЕО)

Челси го објави потписот на Мојсес Каиседо. Лондончани ќе му платат 115 милиони фунти на Брајтон, што би било рекордна сума за Велика Британија. „Сините“ прво ќе дадат 100 милиони, а останатите 15 се базираат на бонуси кои се лесно остварливи. Дополнително, во договорот има и процент од следната продажба, кој ќе го добијат „галебите“.


21-годишниот еквадорски репрезентативец потпиша осумгодишен договор со опција за продолжување на уште една сезона.


„Многу сум среќен што се приклучувам на Челси. Возбуден сум што сум во овој голем клуб. Воопшто не се двоумев откако ме повика Челси. Само знаев дека сакам да потпишам. Тоа е остварување на сонот и едвај чекам да започнам“, беа првите зборови на Каиседо по финализирањето на трансферот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови