Connect with us

Челси го купува Бадијашил од Монако за 38 милиони евра

Челси ќе го направи првиот трансфер во новата година, пренесуваат медиумите на Островот. Станува збор за централниот дефанзивец на Монако, Беноа Бадијашил. Зделката е завршена, а сумата ќе биде 38 милиони евра, вклучувајќи ги и различните бонуси.


Францускиот дефанзивец ќе ги помине медицинските прегледи утре, а потоа ќе потпише договор до јуни 2029 година. Трансферот се смета за 100% сигурен.

Бадијашил не е ниту на клупата на Монако на денешниот натпревар во Лига 1, што е уште еден знак дека тој ќе се пресели во лондонскиот тим.

Челси оваа сезона имаше сериозни дефанзивни проблеми, а исто така им недостасуваат играчи во тој дел од теренот поради повреди.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови