
Челси не сака да се раздели со 27-годишниот офанзивен играч за врска Кристофер Нкунку, бидејќи „сините“ се подготвени да го продадат само доколку добијат понуда не помала од 70 милиони фунти, што е еквивалентно на 83 милиони евра, објавува „Скај Спортс“.
Веќе е јасно дека Манчестер Јунајтед покажува интерес за францускиот фудбалер, но според изворот, „црвените ѓаволи“ засега не можат да си дозволат таков трансфер.
Германскиот гигант Баерн Минхен исто така го следи Нкунку, но засега не успеал да испрати понуда која би довела до договор со лондонскиот клуб. Се нагласува дека минхенскиот клуб би има подобри шанси да го потпише играчот за врска на Челси, бидејќи постои можност 19-годишното крило Матијас Тел да биде дел од размена.
Оваа сезона, Нкунку одигра 28 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи 13 голови и 4 асистенции. Неговиот договор со Челси трае до средината на 2029 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Македонија ЃП го доведе Али Адем
