Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, истакна дека не му се допаѓа зимскиот термин за организација на Мундијалот.
Тој не се сомнева во организациските способности на Катар, но се надева дека Светското првенство е вака сега и никогаш повеќе.
„Сигурен сум дека Светското првенство во Катар ќе биде фантастично организирано, но се надевам дека во иднина нема да има повеќе зимски Мундијали“, изјави Чеферин за словенечки „Дело“.
„Не очекува спектакл, месец на фантастичен фудбал и верувам дека селекцијата од Европа повторно ќе ја освои титулата. Од 2006 година шампионот дојде од Европа, а пред четири години во Русија сите полуфиналисти беа од нашиот континент. Единствени кои се конкурентни се Бразил и Аргентина“, изјави првиот човек на европскиот фудбал.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













