Connect with us

Чеферин ги коментираше промените во форматот на ЛШ

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, ги коментираше промените во форматот на Лигата на шампионите кои ги најави европската фудбалска централа.


Словенецот беше дециден дека УЕФА е целосно посветена на почитување на вредностите на спортот и отворените врати на сите екипни натпреварувања, што се рефлектира во одлуките за промени.

„УЕФА денеска јасно стави до знаење дека ние сме целосно посветени на почитување на основните вредности на спортот и одбрана на клучниот принцип на отворени натпревари за сите тимови. Спортскиот момент на квалификациите останува европски спортски модел, целосно во согласност и да се свртиме кон солидарноста и помалите клубови“, изјави претседателот на УЕФА, Александар Чеферин.

„Денешните решенија го комплетираат обемниот процес на консултации, при што ги слушавме идеите на навивачите, играчите, тренерите, националните асоцијации, клубовите и лигите за да избереме некои од нив, само за да го најдеме најдоброто решение за развој на европскиот фудбал“, изјави словенечкиот адвокат.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови