Connect with us

Чеферин: ФИФА да не ја форсира одлуката за мундијал на секои две години

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, го предупреди својот колега од ФИФА, Џани Инфантино, дека евентуалната одлука за одржување на Светското првенство на секои две години ќе има „страшни последици“.
Советот на ФИФА планира нов календар на натпревари, а на дневен ред е одлуката според која Светското првенство би се одржувало двапати почесто од досега.


ФИФА планира да го стави предлогот за одржување на Светското првенство на секои две години на гласање на крајот на годината, и секој од 211 член на ФИФА ќе има можност да гласа на 20 декември.

Инфантино учествувал во видео повик со 55 национални федерации во вторникот и добил критики за промена на интервалот помеѓу двете Светски првенства. Се наведува дека фудбалските федерации на Италија, Германија, Португалија и на Романија биле против таквата промена.

Претседателот на УЕФА исто така е критичен кон оваа иновација.

„Сериозно би ја замолил организацијата на ФИФА да не го форсира гласањето, бидејќи тоа може да има катастрофални последици за фудбалот воопшто“, изјави Александар Чеферин.
Се очекува ФИФА по состанокот да даде изјава за новиот календар.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови