
Претседателот на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) Александар Чеферин изјави дека не ја поддржува идејата Светското првенство да се одржува на секои две години, наместо досегашната практика светските првенства да се одржуваат на секои четири години.
Чеферин им се обрати на членовите на Генералното собрание на ЕКА во Женева и го коментираше предлогот Светското првенство да се одржува на дистанца од две години, претходно предложен од директорот на ФИФА за глобален фудбалски развој, Арсен Венгер и Фудбалската федерација на Саудиска Арабија.
„Не ми се допаѓа тој предлог. Вредноста на Светското првенство е директно поврзана со фактот дека ретко се одржува. Одржувањето на Светското првенство еднаш во две години би го направило тој турнир обичен и би ги намалило популарноста и влијанието“, изјави Чеферин.
Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) го организира Светското првенство во машка конкуренција на секои четири години од 1930 година. Исклучок се откажаните првенства за време на Втората светска војна. Светското првенство кај дамите исто така се одржува на секои четири години од 1991 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal