Connect with us

Чави за новиот суперталент на Барса: Тој е како Меси, може да одбележи една цела ера

Ламин Јамал (15) стана најмладиот играч во историјата кој играл за Барселона. Тој дебитираше синбоќа откако влезе во игра во 83. минута на натпреварот против Бетис (4-0), на 15 години, девет месеци и 16 дена. Така, тој го собори рекордот кој 101 година го држеше Арманд Мартинез Саги, кој дебитирал за Барселона во 1922 година кога беше два месеци повозрасен од денешниот Јамал.


Јамал стана и петтиот најмлад играч во историјата на шпанското првенство.

Играта на Јамал ја пофали и Чави на прес-конференцијата по натпреварот.

„Ламин беше многу добар. Му реков да се обиде да биде опасен и тој го направи тоа. Замислете, тој има само 15 години! За малку ќе постигнеше гол. Тој е посебен, полн е со самодоверба и може да стане важен играч за нас. Доволно е да го гледате на тренинг за да го разберете тоа“, изјави Чави.

Веднаш доаѓаат и споредбите со Лионел Меси и со Ансу Фати, кои исто така дебитираа за Барселона на многу млада возраст.

„Да, тој е сличен на нив. Тој е многу талентиран. Тој е играч кој може да одбележи цела ера на Барселона”, одговори Чави.

Јамал моментно е еден од најголемите таленти во школата „Ла Масија“ во Барселона, а Чави го повика да тренира со сениорскиот тим за првпат во септември. Инаку, тој настапува за У-19 тимот на Барса, за кој оваа сезона на 28 натпревари постигна осум гола и исто толку асистираше. Тој е и актуелен У-19 репрезентативец на Шпанија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови