Connect with us

Чави воведе уште едно важно правило во Барселона

Легендарниот Чави се врати на „Камп Ноу“ по шест години минати во катарскиот Ал-Сад. Свесен е дека го чека многу тешка работа, но верува дека може да ја врати Барселона во самиот врв на европскиот фудбал.


Чави веднаш по пристигнувањето во клубот реши да воведе неколку правила за играчите, а покрај тоа го смени речиси целиот стручен штаб. Тој реши да ги доведе своите помошници со кои соработуваше во Ал-Сад, па дури и го отпушти целиот лекарски тим на Барселона бидејќи сметаше дека не си ја вршат добро работата.

Покрај тоа, Чави воведе правила за своите играчи кои меѓу другото сега мора да пристигнат 90 минути порано на тренинг, а мора да внимаваат какви работи објавуваат на социјалните мрежи.

Во центарот на вниманието беше правилото за Жерар Пике на кого Чави му забрани да патува надвор од градот поради приватни обврски и дека тоа може да го прави само кога е на одмор.

Но, и тоа не е сè од новитетите кои Чави реши да ги воведе во Барселона. Имено, тој донесе одлука да има тренинг со тимот на денот на натпреварите кои каталонскиот клуб ќе ги игра на домашен терен.

Барселона ќе тренира наутро на „Камп Ноу“ на денот на домашните натпревари, што долго време не беше случај. Кике Сетиен беше првиот што го воведе правилото за тренирање на денот на натпреварот, но тоа никогаш не беше направено на главниот терен.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови