
Тренерот на Барселона, Чави Хернандез, ја пофали победата на неговата екипа над Пари Сен Жермен на „Паркот на принцовите“. Каталонците победија со 2-3 во Париз во првото четвртфинале во Лигата на шампионите и се поблиску до полуфиналето на турнирот.
„Секако дека победата е многу важна. Да се победи на гостински терен во оваа фаза во Лигата на шампионите е сериозно достигнување. Игравме добро, особено во дефанзива. Ги следевме тактичките упатства, а голем придонес за успехот имаа и крилата“, изјави Чави на прес-конференцијата по натпреварот.
„Кубарси скокаше одлично и го покриваше секој противник што беше во неговата зона. Педри силно се вклучи. Со својот гол многу помогна и Кристенсен. Горд сум на овој тим“, нагласи Чави.
„Добро притискавме и цело време си помагавме. Не им дадовме слободен простор на домаќините и нашата одбрана беше одлично организирана. И покрај сѐ, ПСЖ останува фаворит. Ќе ни биде исклучително тешко во реваншот. Покажавме дека сме живи. Барселона долго страдаше во Лигата на шампионите, се надевам дека тие кошмари се веќе минато“, истакна тренерот на Барса.
Каталонците се непоразени на 12 натпревари откако Чави објави дека ќе се повлече на крајот од сезоната. Тимот последен пат загуби со 3-5 од Вилјареал на 27 јануари.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
