
Тренерот на Барселона, Чави Хернандез, беше повеќе од среќен по успехот од 4-0 над Валјадолид. Тој особено го пофали дебитантот Жул Кунде, кој на овој меч беше искористен во улогата на десен бек, како и авторот на два од погодоците на натпреварот, Роберт Левандовски.
„Кога зборуваме за Кунде, треба да знаете дека ова е играч кој може да остави огромен белег во Барса. Тој може да направи сѐ. Тој знае како да ја изнесе топката од својата половина, има харизма, лидерски квалитети, тој може да игра на која било позиција во одбраната. Направивме одличен трансфер“, убеден е Чави.
„Мислам дека Левандовски е извонреден играч. Тој е роден лидер и е многу вреден на теренот. Тој е пример за останатите играчи во тимот. Освен на головите кои ги постигна, сакам да потенцирам на тајмингот на Левандовски. Тој знае како да ја прими топката и да ја држи во свој посед“, дополни тренерот на Барселона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Интернационалци
Глазгов Ренџерс сака да го врати Бојан Миовски во Шкотска

Евро-фудбал
Педри: Нема да молчам, тоа не беше пенал!

Евро-фудбал
Ханси Флик: Верувавме во победата до самиот крај
