По добро одработениот преоден рок, Барселона игра одлична сезона досега. Предводена од тренерот Чави и првата ѕвезда на тимот Роберт Левандовски, Барселона од синоќа е на врвот на табелата во Ла Лига, барем додека Реал Мадрид не го одигра својот натпревар против Осасуна.
Освен скокот на првото место, оваа победа значеше и нов рекорд во шпанската Примера.
Тренерот Чави Хернандез, по успехот со Мајорка (0-1), остана непоразен на 18 гостувања како тренер на каталонскиот гогант, што е нов првенствен рекорд. Претходниот рекорд му припаѓаше на Зинедин Зидан, кога Французинот беше на клупата на Реал Мадрид.
Чави го коментираше споменатиот рекорд, но секако поважно му е тимот да освојува трофеи.
„Рекордот што го соборивме? Ако го направите тоа и не освојувате трофеи, тогаш се е за џабе. Добрите резултати на гостински терен покажуваат дека добро ја вршиме работата, но на крајот на денот ако не освојуваме трофеи, нема да биде важно“, изјави Чави.
Чави го пофали и херојот на тимот Роберт Левандовски.
„Тој е играч кој ти дава гаранции, тоа е јасно. Би рекол дека моментно е најдобриот стрелец во светот“, истакна стратегот на Барса.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













