Роналд Куман пред десетина дена даде интервју за шпанските медиуми во кое изјави дека ништо не се сменило со неговото заминување од Барселона. Холанѓанецот истакна дека Барселона била бодовно поблиску зад Реал кога бил на клупата и дека сега разликата е двојно поголема.
Барселона синоќа го победи Бетис на гости со 2-1, а голот на одлуката го постигна Жорди Алба во 94. минута од натпреварот.
Каталонскиот клуб дојде до три бода за да обезбеди пласман во Лигата на шампионите, што беше главна цел на Барселона оваа сезона.
Чави по натпреварот одговори и на провокациите на Куман. Тој не го спомна Холанѓанецот по име, но беше јасно кому е наменета пораката.
„Кога дојдов во ноември бевме деветти на табелата. Не само што Лигата на шампионите беше под закана, туку имаше сомнежи дали воопшто ќе успееме да излеземе во Европа. Мислам дека промената е повеќе од очигледна. Постигнавме многу откако го презедов тимот, ако немавме толкаво заостанување можеби ќе имавме шанса да ја освоиме и титулата во лигата“, изјави Чави.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













