Connect with us

Чави: Реал е фаворит, но нашата цел е да го освоиме трофејот во Копа дел реј

Тренерот на Барселона, Чави Хернандез, изјави дека Реал е фаворит во полуфиналниот дуел од шпанскиот Куп на Кралот, но додаде дека каталонскиот клуб ќе даде сѐ од себе за да го освои трофејот.


Реал Мадрид вечерва ќе ја пречека Барселона на „Сантијаго Бернабеу“ во првиот натпревар од полуфиналето на Копа дел Реј. Барса ќе биде ослабена, бидејќи нема да играат Педри, Дембеле и Левандовски.

„Знаеме дека Реал Мадрид е исклучително тежок ривал. Овие два натпревари ќе бидат сосема различни во споредба со Ла Лига или Лига Европа. Одиме во Мадрид за да победиме и да покажеме кои сме. Ќе дадеме сѐ од себе за да го освоиме овој трофеј“, изјави Чави на прес-конференцијата пред натпреварот во Мадрид.

Тој потсети дека Реал минатата сезона ги освои Ла Лига и Лигата на шампионите, а оваа сезона Светското клупско првенство.

„Реал е фаворит за освојување на Копа дел Реј. Тие се актуелни европски шампиони и шампиони на Шпанија. Не е важно што го освоивме Суперкупот. Секогаш сум возбуден кога играме на “Сантијаго Бернабеу”. Овој натпревар е помотивирачки од кој било друг бидејќи и самиот сум навивач на Барселона. Феноменално е чувството да се победи во Мадрид“, изјави тренерот на Барселона.

„Тие освоија бројни трофеи во изминатите неколку години. Имаме добри спомени на „Сантијаго Бернабеу“, но сега приказната е поинаква. „Ел Класико“ е најголемиот натпревар во светот а меѓу Реал и Барселона секогаш има фудбалска почит. Тие се фаворити, но ние доаѓаме да победиме“, заврши Чави.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови