Барселона подготвува голема реконструкција, а тренерот Чави Хернандез отпишал петмина фудбалери. Тие нема да му бидат потребни во продолжение од шампионатот и се ставени на трансфер – листа.
Станува збор за Самуел Умтити, Клемен Ленгле, Алехандро Балде, Рики Пуиг и Оскар Мингеза. Заедно со нив на трансфер – листата е и Осман Дембеле, пишуваат шпанските медиуми.
Дембеле доби втора шанса, но вчера не се појави во кампот на Барселона пред натпреварот против Алавес поради дигестивни проблеми. Французинот ќе треба да потпише нов договор во најбрз можен рок или во спротивно и тој ќе биде продаден.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













